Се одржа стручниот семинар за џудо тренери и судии

Денес во Прилеп се одржа стручен семинар за џудо тренери и судии во организација на Џудо федерацијата на Македонија и техничка организација на ЏК Сеишин. На семинарот беа присутни околу 40- тина национални тренери и судии од џудо клубовите од Македонија.

Главна тема беше разработување на измените на правилата кои ќе важат во олимпискиот циклус 2022 – 2024 година.

Предавачи на семинарот беа Томе Јосифоски, ИЏФ континентален судија  актуелен претседател на судиската комисија при ЏФСМ и  М-р Дејан Мицкоски, лиценциран тренер и член на стручниот совет при ЏФСМ. Тие и ги пренесоа на своите колеги тренери и судии сите промени кои беа претставени на семинарот за судии и тренери одржан во Лисабон, Португалија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON