Се објавува судирот Паркер-Џојс

Мечот во тешка категорија меѓу Џо Џојс и Џозеф Паркер ќе биде објавен денеска во родниот град на Џојс, Лондон! Ова го откри „BoxingScene.com“.

Познат е и датумот на судирот – 24 септември, но локацијата се уште не е избрана, но се претпоставува дека ќе биде во Велика Британија!

Нивниот меч од 12 рунди во тешка категорија ќе биде водечки на „BT Sport Box Office“ со ППГ во Велика Британија и Ирска.

Организаторите даваат се од себе мечот да се емитува и во САД, поконкретно на „ЕСПН+“, но сè уште не е склучен договор за правата за емитување во странство. Мајк Копингер од ESPN.com беше првиот што објави дека е постигнат договор за борбата Џојс-Паркер.

Френк Ворен, промоторот на Џојс, застана меѓу Џојс и Паркер и најави дека двајцата ќе се пресметаат „некаде во јули“, но тоа не се случи.

Џозеф Паркер е поранешен светски шампион на ВБО. Има биланс од 31 победа (21 со нокаут) и 2 порази (од Ентони Џошуа и Дилиен Вајт). Минатата година последователно победи против сонародникот Јуниор Фа, кон крајот на февруари, потоа против Дерек Чисора во мај и повторно над Чисора на 18 декември во Манчестер, Велика Британија.

Џојс нема пораз во професионалниот боксерски ринг. 36-годишниот англиски боксер има биланс од 14 победи на 14 средби (13 со нокаут). Во претпоследна борба Џојс го нокаутира Карлос Такам на боксерската гала одржана на Вембли арената на 24 јули 2021 година, а пред неколку дена ја забележа првата победа во 2022 година – нокаут во четвртата рунда против Кристијан Хамер. Џојс е и освојувач на сребрен медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON