Само неколку дена нè делат од УФЦ 314, еден од најочекуваните настани во годината, кој ќе се одржи во жешкиот Мајами, Флорида.
Во главниот настан, вечерта ќе има борба за слободниот појас во перо категорија. Поранешниот шампион Александар Волкановски ќе се обиде да го врати златото против Диего Лопез. Австралиецот со македонско потекло се наоѓа во тежок период со серија од два последователни порази, од кои последниот против Илија Топурија. Од друга страна, Лопез е во серија од пет победи, вклучувајќи ја и импресивната победа над Брајан Ортега.
Во коглавната борба ќе видиме спектакуларен судир во лесна категорија меѓу Мајкл Чендлер и Педи Пимблет. Борбата е закажана во пет рунди, но и двајцата натпреварувачи не очекуваат мечот да оди до последниот судиски свиреж.
Погледнете ја целата борбена карта, како и видео од серијата Одбројување до УФЦ 314:
Основна карта
Александар Волкановски – Диего Лопез
Мајкл Чендлер – Педи Пимблет
Брајс Мичел – Жан Силва
Јаир Родригез против Патрисио Питбул
Никита Крилов – Доминик Рејес
Прелиминарни борби:
Ден Ајџ – Шон Вудсон
Јанг Ксијаонан – Вирна Џандироба
Џим Милер – Чејс Хупер
Седрикус Думас – Михал Олексејчук
Дарен Елкинс – Џулијан Ероса
Су Мудаерџи – Мич Рапосо
Алберто Монтес – Роберто Ромеро
Трисин Гор – Марко Тулио
Нора Корнел – Хејли Кауан