Се мести ли изборот за спортист на годината? Таеквондистите бараат да ги тргнат од листата на финалисти

По соопштувањето на номинациите на Агенцијата за млади и спорт во деветте категории за трандиционалниот избор на „Спортист на Македонија за 2023 година“, претставниците на македонското таеквондо, Дарко Костовски, Борче Костовски и Дејан Георгиевски преку социјаните мрежи упатија барање за отстранување на нивните имиња од листата на финалисти поради како што е наведено во соопштението „Нов голем спортски скандал, производ на врвна спортска неписменост“.

Инаку, за „Спортист на годината“ номинирани се петте спортисти кои ја одбележаа изминатата година: кикбоксерот Бобан Илиоски, атлетичарот Дарио Ивановски, автомобилистот Игор Стефаноски – Иџе, таеквондистот Дејан Георгиевски и борачот Ахмад Могамедов.

Во женска конкуренција, пак, номинирани се: ракометарката Сара Ристовска, светската шампионка во боди-билдинг Мери Акиевска, тенисерката Лина Ѓорчевска, кикбоксерката Андреа Костовска и европската шампионка во бразилски џиу-џицу Даниела Алексовска.

Соопштението се темели на нивни информации за наместен избор на најдобрите со тоа што за истиот не гласаат федерациите јавно, туку неколку луѓе, и тоа што истиот не се темели на олимписки успех со издвоени примери од соседството.

„Имено, според наши информации на многу ефтин и неук начин и оваа година се мести изборот за спортист на годината, спортската неписменост оди до таму што уште во позициите на рангирање се истакнува елементарно спортско непознавање, единствено присутно за жал само во Македонија (ова тврдење подолу во текстот ќе биде поткрепено со крунски аргументи).

Верувам никој не верува во тоа дека изборот го прават федерациите со гласање, ако АМС тврди дека е така нека се гласа јавно! Но секако нема. Изборот го врши АМС поточно неколку спортско неписмени луѓе“, стои во дел од соопштението кое во продолжение може да го прочитате во целост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON