Надминати се очекувањата на организаторот за Европското карате шотокан првенство во Скопје (во Борис Трајковски/А1 арена) од 1 до 3 ноември, бидејќи се привајени над 1500 натпреварувачи од 20 земји.
Поголем дел од репрезентациите се престигнати во Скопје, а денеска се очекува и доаѓањето Франција, Украина, Албанија, Хрватска, Кипар и Грција.
Од вечера во Скопје се наоѓаат и потпретседателите на Светската штокан федерација Хајретин Хамурџу и Кака Василја и генералниот секретар Ерџумент Ташдемир. На свеченото отворање во сабота ќе присуствува претседателот на Светската шотокан организација Есад Делихасан, кој е и претседател на Турската и на Балканската ВКФ федерација.
Се е подготвено започнување на Европското првенство, истакнува организаторот.
Денеска се одржува полагање за судии, 60 од останатите земји и 10 од Македонија.
Утре натпреварите почнуваат од 9 часот.