Во раните утрински часови се одржа официјалното мерење за вечерашниот настан УФЦ 284.
Конечно се е подготвено за вечерашниот спектакл во Австралија. Александар Волкановски и Ислам Махачев успешно се измерија, а потоа го изведоа церемонијалното мерење и последното соочување. Сега останува само да се соочат во кафезот, а мечот е закажан за в недела рано (околу 06:00 часот).
Пресметката меѓу Дагестанецот и Австралиецот со македонско потекло, воедно, е и меч за титулата во лесна категорија е, а појасот го брани Ислам Махачев. Ислам стапна на вагата со точно 155 фунти (70,30 килограми) и беше точно на горната граница.
View this post on Instagram
Додека Махачев делуваше малку поисцрпено и мораше целосно да се соблече за да се качи на вагата, Волкановски очекувано дојде многу посвеж и за половина „фунта“ остана под горната граница во лесна категорија. 154,5 фунти (70,8 кг) беше неговата тежина на официјалното мерење. Сепак, Волкановски е борец од пониска перо категорија и ова е едно од полесните симнувања килажа во кариерата.
View this post on Instagram
Проблеми немаа ниту Јаир Родригез и Џош Емет, кои во вечерашната борба ќе се соочат за титулата привремен шампион во перо категорија. Победникот ќе биде следниот предизвикувач на Александар Волкановски, кој го носи појасот во таа категорија.
Затоа Зубаир Тухугов и Клајдсон Родригез имаа проблеми. Тухугов ја надмина горната граница во лесна категорија за 1,5 фунти (0,68 кг), додека Бразилецот Родригес тежеше 127 фунти (57,6 кг) на вагата за мечот во мува. Со тоа беше една фунта над горната граница.
20 отсто од хонорарот на Родригез ќе оди кај противнкот Шенон Рос, додека Тухугов ќе мора да му даде 30 отсто од хонорарот на Елфс Бренер. Ова е втор пад на Тухугов на мерењето во последните три настапи.
По завршувањето на официјалното мерење, борците имаа неколку часа да се рехидрираат, по што следуваше церемонијалното мерење и последните соочувања. Волкановски и Махачев продолжија со ист тон, без непотребни тензии и туркање.
„Утре ставаме сè на линија, но утре доаѓам по се. Одиме!“, рече возбудениот Волкановски, а Махачев за разлика од него не наиде на симпатии кај австралиската публика.
„Перт, овде поминав 20 дена, но утре ќе се нервираш. Ви благодарам.“, беше краткок Ислам.
View this post on Instagram
Додека нивното соочување беше без тензии, некои од борците кои се појавија порано во програмата за настани УФЦ 284 беа малку понапнати и видовме неколку интересни соочувања.
Мелсик Багдасаријан го фати за врат противникот Џошуа Кулибао и го оттурна, а секакви нешта се случуваа во пресметката на Клајдсон Родригез и Шенон Рос.
View this post on Instagram
Се на се, настанот започнува денеска точно на полноќ, а главната карта составена од вкупно пет натпревари започнува во недела во 04:00 часот. Спектаклот е загарантиран и не го пропуштајте.
УФЦ 284 – резултати од мерењето (во lb)
Главниот дел од програмата:
Ислам Махачев (155) – Александар Волкановски (154,5)
Јаир Родригез (145) – Џош Емет (145)
Џек Дела Мадалена (171) – Ренди Браун (171)
Џастин Тафа (266) – Паркер Портер (264)
Џими Крут (204,5) – Алонзо Менифилд (205)
Прелиминарен дел:
Тајсон Педро (206) – Модестас Букаускас (206)
Џошуа Кулибао (146) – Мелсик Багдасаријан (146)
Шенон Рос (125,5) – Клејдсон Родригез (127)*
Џејми Маларки (155) – Франциско Прадо (154,5)
Ран прелиминарен дел:
Џек Џенкинс (145,5) – Дон Шаинис (146)
Лома Лукбунми (115,5) – Елиза Рид (115,5)
Шејн Јанг (145,5) – Блејк Билдер (146)
Зубаир Тухугов (157,5)** – Елвес Бренер (155,5)