Вчера менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, Али Абдел Азиз, изјави за социјалните мрежи дека има многу вести за неговиот борец Хабиб. Денес, од неколку извори, јасно е дека големата вест е битка меѓу шампионот во лесна категорија и легендата Жорж Сент Пјер. И двајцата сакаа да се борат и очигледно Тони Фергусон ќе ја чека својата шанса. Сè уште не е јасно колкава ќе биде казната од Атлетската комисија, а Хабиб во декември ќе застане пред неа, за да дознае колку време ќе биде суспендиран.
Ако се е во ред и казната не му попречи, Хбаиб ќе се бори во првата половина на следната година, бидејќи во мај започнува светиот месец Рамазан во кој ќе пости. Ако информациите се точни, очекуваме Хабиб против Жорж Сент Пјер да е меѓу јануари и април 2019 година.
Од профилот на ММА Дагестан, ја потврдија веста и кај нив не постои сомнеж, бидејќи први ја потврдија битката меѓу Хабиб и Мекгрегор:
https://twitter.com/MMATeamDagestan/status/1056878966752063488?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fglasyat-bitka-mezhdu-khabib-nurmagomedov-i-georges-st-pierre
Менаџерот на Хабиб демантираше дека тој ќе се бори со Фергусон.
Tony who ? https://t.co/38jgSRB2OK
— Ali Abdelaziz (@AliAbdelaziz00) October 29, 2018
Good lord. Per @MMATeamDagestan, Khabib Nurmagomedov vs Georges St-Pierre is in the works. The timing of this report coincides with Ali Abdelaziz’s recent teasing tweet. And let’s not forget, MMA Team Dagestan first broke the news of Khabib vs McGregor being set for #UFC229. pic.twitter.com/YREg2zGE7O
— Chisanga Malata (@Chisanga_Malata) October 29, 2018
.