Боксерскио промотор Еди Херн сака да ги спротивстави Френсис Нгану и Дилиен Вајт во бокс меч. Херн планира да почне разговори со Дана Вајт, а битката меѓу нив ќе се одржи на крајот на годината.
Еди верува дека битката меѓу нив ќе биде огромна, а Дана сакаше вакви работи и имаше шанса да ја организира. Веќе видовме борба со боксери во која учествуваше Конор Мек Грегор дебитирајќи во боксот против Флојд Мејведер, при што загуби, но барем си ја наполни банкарска сметка.
Нгану веќе долго време зборува за деби во боксот и тоа е негов сон. Тој е подготвен да се бори со најголемите, но прво ќе мора да се справи со Вајт, кој е привремен шампион во тешка категорија на ВБЦ. Во моментов нема шанса Нгану да се бори за титулата на УФЦ, затоа што организацијата планира реванш меѓу Миочиќ и Даниел Кормиер.
Додека и Дилиен нема да се бори за неоспорната титула во ВБЦ, затоа што ќе има реванш помеѓу Фјури и Дионтеј Вајлдер. Па се чини дека Нгану и Вајт ќе мора да почекаат, а во меѓувреме можат да се борат меѓусебно. Ако сметате дека тоа не е можно, Херн ќе ве побие затоа што има закажано виртуелна прес-конференција, која ќе се емитува на каналот Matchroom Boxing на YouTube.
https://www.instagram.com/p/CAx27iGJKwI/?utm_source=ig_embed