Квинтон „Ремпејџ“ Џексон се осврна на својата легендарна ММА кариера, која опфаќа над 50 професионални борби.
На врвот на својата кариера во 2007 година тој го нокаутира Чак Лидел и стана шампион на УФЦ. Тој се бореше и со Џон Џонс, Вандерлеј Силва, Чаел Сонен, Гловер Тешеира, Лиото Мачида, Ден Хендерсон, Маурисио „Шогун“ и многу други значајни борци за време на неговата неверојатна кариера.
Сепак, Џексон вели дека никој никогаш не го удрил посилно од човекот кој ефикасно го пензионира пред нешто повеќе од пет години. Во декември 2019 година, „Ремпејџ“ се соочи со легендарниот Федор Емелијаненко.
Руската суперѕвезда, која многумина ја сметаат за најголемиот ММА тешкаш на сите времиња, веќе беше далеку од својот најдобар период кога се бореше со Џексон. Сепак, Емелијаненко лесно победи, нокаутирајќи го Џексон за помалку од три минути на Белатор 237.
Џексон падна со лицето на подот откако доби силен удар со десна рака од „Последниот император“. „Ремпејџ“ никогаш официјално не се пензионира, но оттогаш не се борел.
Сега Џексон призна дека никој никогаш во целата кариера не го удрил посилно од Федор во таа последна борба.
„Најсилниот удирач, велев дека беше Кевин Рендлман. Почивај во мир. Но, сега морам да кажам дека беше Федор“, изјави Џексон за Балди елбоу.
Можете да ја гледате таа борба во видеото подолу.