Сатоши Иши се бори со тешка болест, имал три операции за две недели (ФОТО)

Јапонско-хрватскиот борец Сатоши Иши во објава на Инстаграм откри дека се бори со тешка болест.

Олимпискиот шампион во џудо од Пекинг во 2008 година и пријател на Кро Кап ја објави фотографијата подолу со натпис:

„Борба со неочекувана болест. Имав три операции за две недели. И јас го поминав најлошото. Полека се заздравувам.

Сакам да се вратам што е можно побрзо и да ги постигнам моите цели. Би сакал да им се заблагодарам на лекарите што ми го спасија животот и да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваат без разлика на се’.

Иши ја имаше последната борба минатиот август на настанот на ПФЛ кога загуби со едногласна одлука од Данило Маркез.

Во својата ММА кариера има 25 победи, 13 порази и едно реми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Satoshi Ishii (@satoshiishii0141)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON