„Во која група и да се паднеше Емил Павлов, нема да е лесно“, вели тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски по извлекувањето на групите на Европските игри во Минск Белорусија.
Нашиот најдобар каратист Емил Павлов, единствениот каратист учесник на Европските игри од нашата земја, на 30 јуни ќе се бори во А групата со Фирдовси Фарзалијев (Азербејџан), Анџело Кресченцо (Италија) и Илија Булатау (Белорусија).
Во Б групата се Евгени Плахутин (Украина), Калвис Калинс (Литванија), Богдан Гоголоси (Романија) и Ерај Садман (Турција).
„Јас верувам во Емил исто како и тој во мене, затоа што за сите 7 натпреварувачи веќе имам подготвена тактика со која верувам дека ќе имаме успешен настап во Минск“, категоричен е Арсовски.
Тој вели дека подготовките Штип и во Пехчево во хотелот Гогов завршиле одлично. Нема повреди и дека Емил се чуствува одлично.
„Се надевам дека недела ќе ни биде среќен ден и ќе се слави“, потенцира репрезентативниот тренер.
На нашиот каратист му се потребни најмалку две победи, за да обезбеди најмалку бронзен медал, а потоа да се избори и за финале на Европските игри.
Павлов на минатите игри во Баку – Азербејџан во 2015 година го освои бронзениот медал. Тогаш Македонија освои две бронзи, а втората беше, исто така за каратист, тоа беше Марин Несторовски.
Ipon.mk