Тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски е задоволен од бронзениот медал на Емил Павлов на Европското карате првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија. Павлов го освои единствениот медал за Македонија на овој шампионат.
„Ова е огромен успех за македонскиот спорт. Пресуден факт за победата беше добро спроведената тактика пред мечот и јаката психа на најдобриот спортист во нашата држава Емил Павлов, затоа што беше во негатива од два поена, направи пресврт и дојде до водство од 3-2, а тоа беше доволно за бронзата“, изјави тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски веднаш по борбата на Емил.
Како се чувствуваше, како тренер, по непрвадата во полуфиналето, и веднаш потоа да го мотивираш Емил за мечот кој одлучува за бронзата?
„Не сакам да зборувам многу за неправдата. Само собрав сили да му дадам сила за борбата за бронзата. И во тоа успеав. Само знам дека Емил е број 1 во Европа“.
Наредните предизвици за нашата репрезентација се Премиер лигата, Европксите игри во Минск, Белорусија и оставрување на норма за Олимиските игри во Токио 2020 година.
Емил Павлов борбата за бронзениот медал го совлада Романецот Флорин Гоголоси.
Резултати
-60 кг
Емил Павлов – Рене Адлер (Словачка) 0-1
Емил Павлов – Марко Антиќ (Србија) 1-0
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 4-2
Емил Павлов – Евгени Плахутин (Русија) 0-2
За бронза
Емил Павлов – Флорин Гоголоси (Романија) 3-2
Ipon.mk