Сашко Арсовски, селекторот на сениорската карате репрезентација и тренер на освојувачот на златниот медал на Карате 1 Премиер лигата, Емил Павлов за финалниот меч на нашиот најуспешен каратист и за она што пресуди во корист на Павлов, вели:
„Подобро со светскиот првак никој не можеше да се избори, знаејќи дека Италијанецот претходните борби ги декласира противниците. Пресудно во финалето беше концентрацијата и искористувањето на грешка на противникот и поентирање во вистински момент. Тоа и се случи. Со тоа е направен резултат кој многу значи за македонскиот спорт. Емил докажа дека царува на татамите и дека е најдобар спортист во нашата држава“.
Во однос на тоа дали се можни промени во списокот на репрезентативците за Европското првенство, бидејќи некои каратисти покажаа доста добри борби на Премиер лигите во Дубаи и Сазбург, Арсовски е категоричен:
„Промена на списокот за Баку нема да има“.
Ipon.mk