Сара Радичевска освои сребрен медал на Европските универзитетски игри

Сара Радичевска (-50 кг) го освои сребрениот медал на Европските универзитетски игри за боречки спортови во Загреб, Хрватска, откако во финалето загуби од домашната каратистка Јелена Пехар со 0-2.

Остануваат уште три финалиња за македонските каратисти: Моника Пендаровска во – 61 кг, Петар Заборски во – 75 кг и и машкиот кумите тим.

Петар Спасеновски, Ангела Мојсовска и женскиот кумите тим освоија бронзени медали.

Резултати

-50 кг

Сара Радичевска – Кармен Зеа Клемент (Унгарија) 2-0
Сара Радичевска – Андријана Чрнкова (Чешка) 7-0
Сара Радичевска – Соломија Кмит (Украина) 0-0
Финале
Сара Радичевска – Јелена Пехар (Хрватска) 0-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON