Мухамед Вејсели од Македонија го направи најголемото изненадување на третиот Балкански турнир во пеливанско борење во Лубиње – Косово, на кој македонските пеливани освоија вкупно седум златни медали во конкуренција на натпреварувачи од Бугарија,Турција, Албанија и Грција.
Вјесели најпрво го победи Бугаринот Мирослав Гешев, потоа Нијази Ибиши, а во финалето еден од најдобрите баш-пеливани во Турција, Ахмет Јавуз.
На досегашните турнири Јавуз не занеше за пораз, но на пеливанот од Скопје му тргна и го победи.
Ipon.mk/В.Д.