Сeмир Авдиќ: Паричната награда е голема мотивација, но не е поголема од самбо спортот!

Семир Авдиќ од денес до 30 октомври учествува на „Претседателскиот куп“ во кураси, спорт кој е пандан на самбото, во Астана, Казахстан. 

Покрај него во Астана ќе се бори и Бобан Данов за награда од 100 илјади евра.

Купот е под покровителство на претседателот на Казахстан и се одржува од 25 до 30 октомври. Првата награда е 100.000 евра, втората 20.000 и третата 5.000.

„Очкувам позитивен резултат затоа што се подготвува цела година“, вели Семир  Авдиќ за кого голема инспирација е неговиот тренер Ердал Факиќ кој изминатиов викенд освои борнзен медал на Светското мастерс првенство за ветерани во самбо во Грција.

„Ме мотивира победата на мојот тренер Ердал, затоа што се бореше со пукнато лево рамо и ни донесе 3 место. Едо е нашата гордост. Се гордееме со него! Е ова за јавно фалење. Не познавам некој друг кој би излегол со повреда да се бори за својата држава“, категоричен е Авдиќ.

Настапот на овој куп има голема мотивација кај натпреварувачите и поради завидните парични награди.

„Паричната награда секако дека е голема мотивација, но не колку и самиот спорт – самбо“, нагласува Авдиќ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON