На вчера одржаното Државно првенство во самбо во Скопје, по три златни медали освоија клубовите Сатфф
и Факиќ, а Реал фајт и Трамима по еден. Факиќ е најуспешен клуб.
Видовме интересни борби во кои предничеа оние со боречко искуство, како што е репрезентативецот Бехар Махмути, Ердоан Мемети, Ертан Реџепи, Зајков Влатко, Александар Стојанов, Фиданчо Јованов. Не помалку заостануваа и џудистите, но најмногу не се снајдоа оние што се борат во ММА. Но, тоа не беше само нивни проблем, туку речиси сите, кои не тренираат самбо имаа забуна во врска со правилата.
Мора да се пофали одличната организација на првенството и претседателот Ердал Факиќ, како и судиите, кои за овие прилика специјално беа дојдени од Бугарија.
Од Самбо федерацијата на Македонија најавуваат подем на овој спорт и добар настап на Европските игри во Баку, Азербејџан.
- Амар Мурат (Стафф)
- Ангелов Ангел (Факиќ)
- Хамза Сали (Факиќ)
57.кг 2 учесници
- Армин Идризи (Факиќ)
- Апостолоски Александар (Сирхан)
62 кг. 3 учесници
- Ердоан Мемети (Стафф)
- Реџепи Минир (Факиќ)
- Дарко Лукач (Трамима) 3. Буњамин Нуиши (Факиќ)
- Реџепи Ертан (Стафф)
- Јованов Фиданчо (Трамима)
- Мердан Арифи (Стафф)
74 кг. 7 учесници
- Бехар Махмути (Факиќ)
- Вандов Димитар (Реал Фајт)
- Бењамин Аслани (Стафф)
- Јетмир Имери (Факиќ)
82 кг. 3 учесници
- Талески Владимир (Реал Фајт)
- Идризи Џемаил (Стафф)
- Касамовски Садик (Факиќ)
90-100 кг. 5 учесници
- Зајков Влатко (Трамима)
- Ариф Сејди (Факиќ)
- Семир Авдиќ (Факиќ)
- Шукри Асани (Реал Фајт)
+100 кг 4 учесници
ipon.mk/В.Д.