Македонската самбо репрезентација вечерва патува на Светското првенство во самбо кое се одржува во Сеул, Јужна Кореја, од 8 до 10 ноември.
Боите на Макеоднија ќе ги бранат Маја Бобан -68 кг, Един Дураковиќ -100 и Бобан Данов. Селектор на репрезентација е Славчо Тодоров.
Во склоп на СП ќе се одржи и Конгрес, Самбо федерацијата на Македонија конкурира за домаќинство на Светско или Европско првенство во 2020 или 2021 година.
На конгресот ќе присуствува преседателот Ердал Факиќ.
Секако, Бобан Данов е најголем фаворит за успех, бидејќи оваа година на Европското освои медал.
Ipon.mk