Четири злата и една бронза освои македонската самбо репрезентација на Европското првенство за Југоисточна Европа во Беране, Црна Гора, и е прогласена за најдобар тим.
Три злата и една бронза се освоени во спорт самбо, а во комбат злато.
Медалите ги освоија Синан Рамука (+100 кг), Семир Авдиќ (100 кг) и Едвин Бихорац (74 кг) златни, а Тарик Рушити (68 кг) бронза, додека Никола Источки од Битола во комабат самбо во категоријата до 82 килограми го освои златниот медал.
Претседателот на Македонската самбо федерација, Ердал Факиќ, првиот ден одржа семинар на 25 мајстори и 100 ученици.
Ipon.mk/В.Д.