Самбо репрезентацијата ќе патува на Европското првенство во Минск

Самбо репрезентацијата ги прави финалните подготовки за Европското првенство за сениори во Минск, Белорусија, од 18 до 21 мај.

Македонија на ЕП ќе ја претставуваат:  Александар Стојанов (+100 кг), Един Дураковиќ (-100 кг), Мердан Арифи (-90 кг) и Омер Зендели (-74 кг), а ќе ги води тренерот Славчо Тодоров. На ЕП ќе патува и претседателот на Самбо федерацијата на Македонија, Ердал Факиќ, кој ќе учествува на Конгресот на ФИАС.

„Ова првенство ќе има силна конкуренција, и покрај тоа очекувам добри резултати од нашите репрезентативци. Добар пласман очекувам од Мердан Арифи кој  е шмапион во џудо на Македонија за минатата година, како и од Александар Стојанов, поранешниот репрезентативец во борење“, вели претседателот на СФМ, Ердал Факиќ.

Тој истакнува дека на Конгресот на ФИАС на дневен ред ќе биде ставено усогласувањето на самбо правилата со олимписките правила.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON