Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски денеска имаше средба со претседателот на Самбо Федерацијата – Ердал Фаќик и учесниците на Светското првенство во самбо за јуниори и сениори во самбо кое се одржа во Нови Сад- Србија минатиот викенд.
Факиќ го информираше Мојсоски за оставерните солидни резултати, едно 5-то и две 7-ми места.
На средбата е истакнато дека на Конгресот кој се одржа во рамки на Светската и Европската самбо федерација, а на кој учество зема и нашата федерација претставувана од претседателот Ердал Фаќик, дека на Македонија и е доделена организацијата на Светско првенство за кадети во 2022 и Европско првенство за јуниори во 2023 година во Скопје.
Директорот Мојсовски истакна дека е сигурен во нашите организациски способности и се надева на успешна реализација на овие две првенства и дека гордо ќе биде претставена нашата држава, како и градот Скопје.