Садулаев славеше во големото финале против Снајдер (ВИДЕО)

Во големата пресметка меѓу Абдулрашид Садулаев (Русија) и Кајл Снајдер (САД) на Светското првенство во борење во слобден стил во Осло, Норвешка, во категоријата до 97 килограми славеше „Аварскиот тенк“ 6-0.

Аварскиот тенк стана петкратен светски шампион и веќе има 3 победи против ривалот од САД, кој има само една победа над Садулев. Во почетокот на август Садулаев го победи Снајдер во финалето на Олимпијадата во Токио и го освои златото.

Сега повторно го победи и се етаблира како најдобар во светот. Абдулрашид сега е петкратен светски шампион, четирикратен европски шампион и двократен олимписки шампион.

Бронзите им припадна на Иранецот Мојтаба Мохамедшафи кој со 10-0 (ТТ) славеше против Батзул Улзисаикан од Монголија и на Махмед Закариев од Украина кој со 9-3 го совлада александар Хуштин од Белорусија.

Нашиот борач Могамедгаџи Нуров го освои седмотоп место во оваа категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON