Садулаев: Нема да влегувам во ММА, но ќе се борам со Хабиб

Двократниот олимписки шампион во борење Абдулрашид Садулаев рече дека нема да премине во ММА, но е подготвен да се бори против Хабиб Нурмагомедов.

Абдулрашид успеа да го победи Кајл Снајдер во финалето и ја воодушеви својата земја со уште еден златен медал.

Аварскиот тенк уште еднаш покажа дека е најдобар во моментов, но сепак нема да ја продолжи кариерата во кафез. Садулаев е четирикратен светски шампион во борење и 4-кратен европски шампион. Тој тежи 97 килограми, а според различни извори, Хабиб тежи околу 90 кг.

Нурмагомедов често имаше проблеми на мерењата во кариерата. Се повлече од спортот, но може да оствари пријателска средба со Садулаев за добротворни цели.

„Нема да одам во ММА, бидејќи се уште ми треба главата. Но, би било интересно да се бориме со Хабиб Нурмагомедов. Мислам дека дефинитивно ќе се борам со него“, изјави Абдулрашид за медиумите по големата победа над Снајдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON