На 16 и 17 јануари во Самобор се одржува традиционалниот 25-ти Гран при Хрватска во карате.
Како и секоја година, еден од најголемите и најдобро организирани турнири во овој дел на Европа ќе привлече голем број на медалисти од светските и европските првенства.
Насловот во отворената (апсолутна) категорија од минатата година во Самобор ќе го брани Латвиецот Руслан садиков. Се враќа и Холанѓанецот Рене Смал со желба да се извади за минатата година кога беше елиминиран во првото коло на Гран при на Хрватска. Најавен е и освојувачот на среброто на Светското првенство во Бремен, Иранецот Сајад Ганзадех.
Од друга страна, и многу македонски каратисти ќе настапат на овој турнир, кои лани имаа добар настап, а веруваме така ќе биде и годинава.
Победникот во апсолутна категорија добива награда од 2.000 евра.