Светската боречка федерација и го даде домаќинството на овогодинешното издание на Светскиот куп во борење слободен за мажи и жени на САД.
Во 2021 година меѓународниот календар на федерацијата немаше натпревари за Светскиот куп поради комплицираната ситуација со пандемијата на коронавирус низ целиот свет.
Светскиот куп во борење за мажи и жени ќе се одржи од 10 до 11 декември во Ајова, додека за грќко-римиски стил ќе биде во Баку, Азербејџан, на 5 и 6 ноември.
Грчко-римскиот стил ќе биде прв во меѓународниот календар на UWW/ ОСБ од 2017 година кога Иран беше домаќин на последното Светски куп.
Право на учество на Светските купови имаат петте највисоко рангирани нации на Светските првенства, а во шестиот поканет тим ќе бидат првопласираните борачи од други земји.