Пранешниот селектор на карате репрезентацијата, Сашко Арсовски, и тренер во КК Штип на најдобриот каратист во Македонија Емил Павлов, реагира на изборот на најдобри каратисти за 2022 година, истакнувајќи дека непотребно се давало акцент на други работи наместо на врвните резултати во изминатата година.
„Се прогласуваа најдобрите спортисти и се прогласија. Но, забележав дека наместо да се обрне големо внимание на медалистите – Петар Спасеновски бронза во сениори на Европското првенство, двете сребра во У-21 на Стефан Стојановиќ и на Витомир Трајковски на Светско првенство, како и бронзата на јуниорот Љупче Михајлов на ЕП, раководството на КФМ, кое веќе подолго време прави огромни грешки во роководењето и покажува дека е со мал капацитет, со доделувањето на голем број признанија на лица од федерацијата, според мене, многумина не ги заслужуваат, одземаа големо време, наместо акцентот да се стави на медалистите кои постигнаа историски резултати“, вели во реакцијата Арсовски и нагласува:
„Се доделуваа благодарници на тренери и спортски лица кои немаат репрезентативци, додека на медалистите со историски резултати останаа во втор план. Се доби чувство дека изборот е организиран за други лица кои не се спортисти“.