Ружди и Ален Рустемовски ги завршија борбите на Европското првенство

Заврши Европското првенство до 23 години во Софија, Бугарија за Ружди и Ален Рустемовски

Ружди Рустемовски (60 кг) во борбата со Џек Драјден од Англија до прекинот беше рамноправен, но втората рунда два силни удари при што судијата му броеше и борбата беше прекината.

Ален Рустемовски избоскува до крај, но Ирецот Шејн Гивен ја користеше предноста на подолгите раце и добро го работеше предниот директ, а брзо изведуваше 1-2 тактика, па така 1-2 удари имаше предност во секоја рунда. Можеби нашата надеж за медал беше збунета од неговата бризна. Во третата рунда тргна поагресивно, во веќе беше доцна.

Ќе потсетиме дека Ален Рустемовски (-57 кг) во првото коло го победи Витас Хацуеју.

Утре на ЕП ќе настапи Енис Алиу во категоријата до 71 килограм.

За медалите се борат 327 спортисти од 35 репрезентации.

Резултати – Европско првенство У-23:

-57 кг
Ален Рустемовски – Витас Хацуеју (ИБАБ) 5-0 ТКО Р2  1/16 финале
Ален Рустемовски –Шејн Гивен (Ирска) 0-5

-60 кг
Ружди Рустемовски – Џек Драјден (Англија) 0-5 ТКО Р2 13 октомври 1/8 финале

-71 кг
Енис Алиу – Благовест Христов Неделчев (Бугарија) 14 октомври 1/8 финале

+92 кг
Ардијан Аземи – Васил Ткачук (Украина) ¼ финале 17 октомври

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО