Руслан Чагаев се повлекува од здравствени причини

ruslan chagaev valuev

Руслан Чагаев (34-3-1, 21 КО) оваа година ја загуби титулата на „регуларен“ светски шампион на ВБА на Лукас Браун.

Наскоро беше објавено дека Австралиецот бил позитивен на допинг тестот и појасот му бешее вратен. Браун ја доби борбата со нокаут во 10 рунда. Исходот од битката се уште официјално не е променет.

Светската боксерска асоцијација одреди дека во следната борба повторно мора да се бори со Фрес Оквендо кој право на реванш го стекна на суд. Како по бројни обиди не воспостави контак сот ВБА и не доби одговор, федерацијата му ја одзеде светска титула.

Според неговиот менаџер Тимур Догазаев, Чагаев повеќе нема да се бори. Се повлече поради проблеми со видот. Во 2001 година го оперираше левото око.

37-годишниот Узбекистанец двапати беше ВБА светски шампион во тешка категорија. Првиот пат беше полноправен шампион од 2007 година до 2009 година, а потоа и „регуларен“ од 2014-2016 (ВБА има и „супер“ првак, кој мометално е Тајсон Фјури. Прв пат ја освои титулата против Николај Валуев, но загуби од Владимир Кличко. Втор пат стана светски шампион со мнозинска одлука победувајќи го во Грозни Фрес Оквендо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON