Рускиот боксер Дмитриј Кудрјашов (23-3) ќе дебитира во ММА.
Тој потпиша договор со руската организација Фајт најт Глобал и ќе се бори на нивниот настан во октомври во Москва. Ссите победи на Кудрјашов се нокаут, а трите порази се со нокаут. Речиси сите негови битки се случуваат во Русија, а неколку пати се борел и на Лужники.
Тој е поранешен светски шампион во ВБА во полутешка категорија, а ја држеше и сребрената титула на ВБЦ во полутешка категорија. Неговата последна борба во рингот се одржа во јануари оваа година и беше нокаутиран од Илунга Макабу во 5-тата рунда, а залог беше сребрениот појас на ВБЦ. 33-годишниот Кудрјашов тренирал карате и имал 150 аматерски натпревари, од кои 138 победи и 12 порази. Неговиот прекар е „Руски чекан“.