Руски ММА борец починал на 33 години, се сомневаат дека е – отруен со лубеница!

Рускиот ММА борец Александар Писарев починал на 33 годишна возраст во болница, но полицијата се сомнева дека тој бил отруен.

Истрага за труењето на Писарев е отворена и полицијата се сомнева дека не починал од природна смрт, ткако бил пронајден мртов откако утрото не се разбудил. Според московската полиција, Писарев е најверојатно убиен.

Тој пред два дена бил примен во болница заедно со својата сопруга и после два дена починал, додека таа сè уште е на додатни прегледи и испитувања.

Русинот немал никакви здравствени проблеми, а медиумите посочуваат дека првите резултати од обдукцијата сугерираат на труење.

Форензичари во моментов се во градчето Балшика, предградие на Москва каде спроведуваат дополнителна исграта. Една верзија е дека Писарев е отруен од лубеница (?!), додека други тврдат дека е отруен на друг начин со лекови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON