Блокадата на рускиот спорт на меѓународните натпревари прва ја пробија џудистите кои освоија медали на Светското првенство во Доха.
Првото злато на Русија по суспензијата и го донесе Арман Адамјан, кој изрази жалење за непристигнувањето на Украинците во Катар. Светскиот шампион Адамјан вели дека немало никакви проблеми меѓу руските и украинските спортисти.
Адамјан освои злато на светскиот шампионат до 100 килограми во Доха во мај. Украинската репрезентација одлучи да го бојкотира турнирот поради приемот на спортисти од Русија и Белорусија.
Арман смета дека меѓучовечките односи се повисоки од политичките.
„Човечките односи се повисоки од политичките. Џудистите се едно големо семејство во кое сите се сакаат и почитуваат. Во конкуренција со украинските џудисти, Русите исто така немаа проблеми.
Штета што украинскиот тим не дојде во Доха поради одлука на нивната федерација. Нема негативност меѓу спортистите на двете земји.
Не гледам никакви проблеми да се сретнам со украински џудист на меѓународни натпревари“, изјави Адамјан за РИА Новости.
Со одлука на Извршниот комитет на Меѓународната џудо федерација (ИЏФ), спортистите од Русија и Белорусија можеа да учествуваат на Светското првенство како индивидуални неутрални спортисти.