Ова денеска го изјави рускиот министер за спорт Олег Матицин.
„Не смееме да се свртиме, да го затвориме и да го бојкотираме ова движење“, рече министерот мислејќи на Олимписките игри, кои од 26 јули до 11 август ќе се одржат во француската престолнина.
Изјавата ги отфрли повеќемесечните шпекулации за одговорот на Русија на драстичните услови поставени од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на почетокот на декември за учество на Русите и Белорусите на олимписките игри. ИОК не само што бара од спортистите од овие земји да се натпреваруваат под неутрално знаме, туку додаде и невидена низа критериуми кои тие мора да ги исполнат Руските и белоруските спортисти ќе можат да се натпреваруваат само како поединци, додека во исто време не смеат активно да ја поддржуваат руската офанзива во Украина, а дополнително ќе треба да поминат и низ квалификации.
Русија сметаше дека ваквиот третман е „понижувачки“ и „дискриминаторски“, а претседателот Владимир Путин веќе неколку месеци е воздржан во однос на учеството на спортистите од оваа земја на Олимписките игри во Париз.
„Да се оди или не? Условите мора внимателно да се анализираат“, рече Путин во декември, кога само осум Руси и тројца Белоруси ги исполнија критериумите на ИОК.
Министерот за спорт рече дека го чека следниот состанок на Извршниот комитет на ИОК, од 19 до 21 март за да види до каде е работат.
„Ќе видиме каква ќе биде конечната одлука на Меѓународниот олимписки комитет, но засега ставот е дека нема да има нови препораки и прописи“, дополни тој.
ИОК својата декемвриска одлука ја претстави како конечна, но треба да одлучи за една точка – присуството на