Поранешниот борец на УФЦ, Русимар Паларес потпиша договор со руската ММА организација Фајт најтс Глобал.
Веста беше соопштена од самите организатори на турнирот.
„Ексклузивен и долгорочен договор беше потопишан со познатиот бразлиски борец Русимар Паларес.
Јужноамериканскиот борец бил учесник во најсилните лиги во светот, а има победи над имиња како Џереми Хорн, Џон Фич, Џејк Шилдс и многу други.
Денес Русимар е на 42-ро место меѓу најдобрите борци на светот. Многу наскоро ќе објавиме и датумот на неговото деби, како и неговиот прв противник“.
Русимарr е познат по своите атрактивни боречки вештини, како и по скандалозните неспортски однесувања, поради што беше отстранет од УФЦ.