Џудистите на Русија освоија најмногу медали на Европскиот опен куп 2016 за мажи и жени во Софија, Бугарија. Турнирот собра 385 натпреварувачи од 52 држави.
Шампионатот беше и олимписка квалификација, бидејќи заработените поени се пресметуваат на 100 проценти.
Русите освоија 5 медали (2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени).
Ова се шампионите од последениот ден на Европскиот опен куп 2016:
Мажи,-81 кг Георги Папунашвили (Грузија), -90 кг Дмитро Берешкин (Украина), -100 кг Рамадан Дарвиш (Египет), + 100 кг Давид Мура (Бразил).
Жени, 70 кг Анита Поганчик (Словенија), -78 кг Клара Апотекар (Словачка), +78 кг Катерина Вајс (Германија).