Руиз: Во реваншот со Џошуа уште повеќе ќе притискам и ќе задавам уште повеќе удари

Новиот ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО првак во тешка категорија Енди Руиз Јуниор. (33-1, 22 КО) веќе има план за реваншот со Ентони Џошуа (22-1, 20 КО).

29-годишниот американско-мексикански тешкаш на 1 јуни во Њујорк приреди големо изненадување со победата над Британецот со прекин во седмата рунда. На патот до победата четири пати го соборуваше Џошуа, откако тој прв се најде на подот во третата рунда.

Во тој меч влезе како замена за Џарел Милер кој падна на допинг-тестот.

Се очекува реваншот да се одржи до крајот на годината.

„И понатаму да преговараме. Во моментот разговараме за тоа дали да борбата ќе се одржи во САД или на нивна територија“, рече Руиз.

„Ние сакаме борбата да се одржи во САД или Мексико, но се мачиме со тоа. Но, освен тоа преговорите не беа толку тешки“.

„Сакаме да бидеме фокусирани и подготвени за реваншот. Не сакам да ги загубам појасите. Мислам дека тој реваншот ќе сака повеќе да боксира, но со подготовките што ќе ги направиме уште појако ќе притискаме, ќе задаваме уште повеќе удари и комбинации“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON