Светскиот шампион во тешка категорија Енди Руиз планира да ги обедини четирите најпрестижни појаси со дуел против Дионтеј Вајлдер. Пред тоа, во реваншот на 7 декември ќе мора да се справи со Ентони Џошуа.
„Сакам да станам апсолутен шампион. Блиску сум до добивање борба со Вајлдер. Понекогаш разговараме со него по телефон. Пријатели сме. Се поддржуваме едни со други, но за време на борбата нема да има пријателство “.
Вајлдер со драго срце б прифатил ваква битка, забележаа американските новинари.