Розенструик: Шоуто мора да продложи (ФОТО)

Жаирзињо Розенструик, еден од борците во тешка категорија на УФЦ, се подготвува за уште една силна година. Суринамскиот борец сподели на социјалните мрежи кадар од неговиот прв тренинг, одржан во новата 2021 година.

„Шоуто мора да продолжи во 2021 година“, напиша Розенструик на својот Инстаграм профил.

Розенструик е еден со најбрз подем на ранг-листата во тешка категорија. 32-годишниот борец има вкупно биланс од 11 победи и само 1 пораз, откако победи на 10 средби со нокаут.

Во 2020 година, „Големото момче“ го прокнижи првиот пораз во професионалната кариера, губејќи од Френсис Нгану со нокаут по само 20 секунди борба на УФЦ 249, што се одржа на 9 мај. Ова не го скрши јужноамериканецот и во август тој се врати на победа, нокаутирајќи го поранешниот шампион – Жуниор дош Сантос со технички нокаут во втората рунда.

Росенструик е рангиран на 3-то место на ранг-листата во тешка категорија на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON