Жаирзињо Розенструик го совлада Аугусто Сакаи со прекин во првата рунда од тешкашката пресметка на УФЦ Фајт најт89 во УФЦ институтот во Лас Вегас. Нивната битка заврши на крајот од првата рунда по совршената комбинација на Розенструик.
На почетокот од борбата Жирзињо го зазеде центарот на кафезот и изврши притисок врз Сакаи. Аугусто се обиде да ја заголеми дистанцата со удари. „Биги Бој“ задава удар, а потоа и десен директ во Сакаи. Во принцип, повеќе финти од од двајцата.
Жаирзињо прави добра комбинација. На крајот од рундата Жаирзињо го дочека својот момент и постигна комбинација од лев и десен удар и го испрати Сакаи во нокдаун. Розенструик задад уште неколку удари во партер, принудувајќи го Херб Дин да ја прекине борбата на секунда пред крајот на рундата.
Со оваа победа Жаирзињо се враќа на победите. Во февруари годинава загуби со одлука на судиите од Сирил Гане. Од друга страна, Сакаи влегува во серија од два последователни порази со нокаут.