Американскaтa ММА борачка Роуз Намахунас беше убедлива против сонародничката Трејси Кортез во главната борба на УФЦ на ЕСПН 59, што се одржа во Бол арената во Денвер.
Поранешната шампионка на УФЦ во сламка категорија ја победи Трејси со едногласна одлука во третиот настап во мува категорија, тоа беше нејзина 13-та победа во кариерата и втора по ред.
Минатиот септември, во своето деби во мува категорија, таа загуби од Манон Фиорот. Ова беше прв пораз за Трејси во УФЦ.
Роуз Намахунас сега би можела да добие шанса да се бори за појасот кој моментално го држи Алекса Грасо.
Муслим Салихов пред неколку недели го прослави 40. роденден, а во 11. настап за УФЦ ја оствари најголемата победа во кариерата.
Во многу тесен меч Салихов со поделена одлука на судиите го совлада аргентинскиот борец Сантијаго Понзинибио.
Кралот на кунг футо брилијантно ги искористи своите удари за да го изгради својот пат до 20-та победа во кариерата и прва по двата порази (Николас Далби и Ренди Браун).
„Понзинибио е многу искусен борец“, рече Муслим Салихов и додаде:
„Го почитувам многу, но денеска бев подобар, имав добра тактика. Не беше лесно, но важно е што победив“.
Тоа беше втор пораз во низа за Аргентинецот. Во април минатата година загуби од Кевин Холанд со нокаут во третата рунда.
Резултати од УФЦ на ЕСПН 59:
Роуз Намахунас – Трејси Кортез – едногласна одлука (49–46, 49–46, 48–47)
Муслим Салихов – Сантијаго Понзинибио – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Жан Силва – Дру Добер – ТКО (докторски прекин), Р3 (1:28)
Габриел Бонфим – Анже Лоса – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Џулијан Ероса – Кристијан Родригез – завршница (гуше со гилотина), Р1 (4:49)
Абдул Разак Алхасан – Коди Брундејџ – без одлука (нелегални лакти), Р1 (0:37)
Воведни борби:
Чарлс Џонсон – Џошуа Ван – КО (удари), Р3 (0:20)
Јасмин Јасудавичиус – Фатима Клајн – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Монтел Џексон – Да’Мон Блекшир – KO (удар), Р1 (0:18)
Луана Сантос – Марија Агапова – завршница (гушење од позади), Р1 (3:27)
Андре Петроски – Џош Фремд – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Еван Елдер – Дариус Флауер – завршница (гушење со рачен триаголник), Р2 (1:46).