Жанг Вејли доби можност да си го врати шампионскиот појас во сламка категорија на УФЦ. Имено, кинеската воинка во април ја загуби титулата во дуелот против Роуз Намахунас, тоа беше нејзин прв пораз по 21 победа по ред.
Американката стигна до појасот со нокаут, а Жанг Вејли ќе има шанса за реванш на 6 ноември во Њујорк на УФЦ 268.
Жанг само еднаш ја одбранија титулата, со тесна победа против Јоана Једрзжејчик, по што следуваше тежок пораз против Роуз.
Шампионката во сламка категорија досега не се грижеше против кого ќе ја брани титулата, иако се шпекулираше дека таа тивко посакува тоа да биде Карла Еспарца.
Роуз сигурно би сакала да и се реваншира на Карла за поразот во борбата за нејзината прва титула на УФЦ. Но, за да стигне до тој меч таа ќе треба повторно да ја победи Жанг, по втор пат оваа година.
Борбата се најде на програмата на настанот предводен од мечот за титулата во велтер категорија меѓу шампионот Камару Усман и Колби Ковингтон.