Шампионаката на УФЦ, Ронда Русеј, нема трпение да се бори со Бет Кореија, за да ја брани титулата. Таа дури изјави дека ја мрази претстојната противничка повеќе од заколнатата непријателка – Миша Тејт.
„Овој меч стана премногу личен и никогаш не сум сакала да го претепам некого како неа. Дефинитивно, брзо ќе ја средам. Ќе се уверам дека ќе запамети секоја секунда од тој ден“.
Имајќи ги во предвид доминантните победи кои ги забележа шампионката, заканите од нејзината уста навистина звучат заканувачки.