Форбс ja објави листа на десетте најплатени спортисти во 2015 година, меѓу кои се најде и шампионката во бантам категорија на УФЦ, Ронда Русеј.
Ронда Русеј за првпат се најде на листата на Форбс на Топ 10 најскапо платени спортисти и тоа на осмото место со заработка од 6.500.000 долари. Освен заработката од борбите, во оваа сума се вклучени и парите од на филмскиот ангажман, од автобиографии и спонзори.
На првите две места по заработувачка се наоѓаат двајца боксери, Флојд Мејведер и Мани Пакијао, чија средба ги надмина сите приходи во историјата на овој спорт.
Додека најплатената спортистка е тенисерката Марија Шарапова, заработувајќи 29.200.000 долари, Флојд Мејведер е над 300 милиони. Ситниш …
Топ 10 најплатени спортисти:
1. Марија Шарапова • тенис • 29,2 милиони
2. Серена Вилијамс • тенис • 24,6 милиони
3. Каролина Вожњачки • тенис • 14,6 милиони
4. Даница Патрик •автомобилизам • 13,9 милиони
5. Ана Ивановиќ • тенис • 8,3 милиони
6. Петра Квитова • тенис • 7,7 милиони
7. Симона Халеп • тенис • 6,8 милиони
8. Ронда Русеј • ММА • 6,5 милиони
9. Стејси Луис • голф • 6,4 милиони
10. Агнишка Радванска • тенис • 6.000.000 долари.
Топ 10 најплатени спортисти:
1. Флојд Мејведер •бокс • 300.000.000
2. Мани Пакијао •бокс • 160.000.000
3. Кристијано Роналдо • фудбал• 79.600.000
4. Лионел Меси • Фудбал • 73,8 милиони
5. Роџер Федерер •тенис • 67.000.000
6. Леброн Џејмс •кошарка• 64.800.000
7. Кевин Дурант •кошарка• 54,2 милиони
8. Фил Микелсон •голф • 50.8 милиони
9. Тајгер Вудс •голф• 50,6 милиони
10. Коби Брајан •Кошарка• 49.500.000 долари.