Ронда Русеј стана вистинска ѕвезда на УФЦ и често може да се види во разни телевизиски емисии и на насловните страници на модните списанија, што досега не му успеа на ниту еден ММА борец.
Ронда Русеј во последно време се најде во голем број на ток-шоуа и со што го промовираше УФЦ и целиот ММА спорт.
Овој пат, се појави на насловната страница на реномираниот спортски магазин „Ринг“, а ова е прв пат некој од светот ММА да биде на насловната страница на магазинот, кој првпат беше издаден во 1922 година. „Ринг“ првично беше замислен како магазин за бокс и за борење, а ова е само уште еден доказ за тоа колку е популарна шампиониката на УФЦ.
Ронда Русеј на 15 ноември на УФЦ 193 ја одбрани титулата против Холи Холм.