Помина скоро еден месец откако Холи Холм го шокираше светот ставијќи крај на доминацијата на Ронда Русеј во УФЦ.
Оттогаш речиси никој не слушнал ништо за поранешната шампионка во бантам категорија.
„People Magazine“ неодамна објавија статија во која пишува дека навистина е тажно, бидејќи поразот на Русеј стави крај на нејзиниот сон еден ден да се повлече непоразена и да биде запишана во историјата на ММА, како најдобра спортистка на векот.
Поразот навистина ја изненади и шокираше и Ронда, кој и кажа дека треба да тренира уште упорно, ако сака да ја врати титулата. Но, таа се уште е оптимист за својата иднина:
„Можеби не можам да го постигнам сето тоа, пред моето телото да ме предаде и додека се уште сум во цутот на младоста ….. Но, пак, кој знае, може и да успеам“.
Ќе и ја даде ли поразот на Ронда потребната мотивација за да се врати уште „погладна“ и жестока да ја врати титулата? Тоа само времето ќе го покаже. Останува со нетрпение да го чекаме реваншот со Холи Холм, кој го вети претседателот на УФЦ, Дана Вајт.