Ронда Русеј го зајаде Мејведер: Научи се да сметаш, па јави ми се!

ronda zajadena so mejveder

Можеби Ронда Русеј поведе со еден поен разлика во вербалната пресметка со Флојд Мејведер.

 Во средата вечер, Русеј, шампионот на УФЦ во бантам категорија, му одговори на непобедениот боксер и најскапо платен спортист во светот – Флојд Мејведер во врска со коментарот на боксерот дека Ронда може да му се јави, кога ќе заработи 300 милиони долари за еден меч.

 Но, Ронда тврди дека заработува многу пвоеќе од невдената сума и го исмеја Флојд дека не знае правилно да смета:

 „Многу е забавно, луѓето постојано ме прашуваат за парите што ги заработувам како борец.

Не знам дали чувте, што рече Флојд на моја адреса, но цитирајќи ги неговите зборови по сеќавање,тој рече: Јави ми се кога во една вечер ќе направиш 300 милиони долари.’ Всушност, седнав и направив сметка за мојот последен дуел. Во моментов сум најскапо платениот борец на УФЦ, а сум жена! И, всушност, заработувам од два до три пати повеќе пари од него за една секунда во даден дуел. Значи, кога ќе се научи да смета, нека ми се јави“. Ова е последниот вербален спаринг меѓу Русеј и Мејведер што двајцата го водат преку медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON