Ронда Русеј е префрлена во болница веднаш откако го претрпе еден од најшокантни прази во историјата на УФЦ.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, на прес-конференцијата по УФЦ 193 изјави дека Русеј има расекотина на горната усна, добиено како последица на ударот, што го доби во главата од Холи Холм и веднаш е однесена во болница во Мелбурн, каде и е укажана лекарска помош.
„Таа е транспортирана до болницата, бидејќи беше нокаутирана од новата шампионка во бантам категорија. Нејзината усна беше расцепена на две и мораше да ја зашиеме“, изјави Вајт.
Вајт одби да даде коментар дали Русеј има и некои други посериозни повреди.