Ронда Русеј: Ако не победам и во реваншот мојата кариера е готова!

Ronda-Rousey-boks1

Поранешната шампионка во бантам категорија на УФЦ, Ронда Русеј, рече дека во случај на нов пораз во реваншот со Холи Холм дефинитивно ќе ја заврши кариерата.

Русеј до неодамна беше недостижна, таа зборуваше за големи планови, односно кариерата да ја заврши непоразена. Сепак, на УФЦ 193 сето тоа се промени. „Хулиганот“ го доживеа првиот пораз во кариерата и по бруталниот нокаут што го заработи таа е суспендирана 180 дена. И покрај тоа што планира да се врати, а претседателот на УФЦ даде зелено светло за итен реванш со Холм, се чини дека враќањето за Рондо ќе биде се или ништо.

„Се ќе зависи од исходот на реваншот. Се ќе се расчисти тогаш. Или ќе победам и ќе ја продолжам кариерата или не, и ќе ја завршам со се“, објасни Русеј во интервју за ESPN.

Најголемата ѕвезда на ММА кај жените некое време нема да ја гледаме во октагонот, што е добра работа, ако планира да направи голем камбек и да го спаси своето наследство, Русеј мора да работи на некои работи и да смисли ефиктивен план за да ја победи Холм. Таа изјави дека не планира да го промени тренерот, кој во последно време беше изложен на остри критики, Едмон Травердијан, но промени и се потребни, и тоа како.

Ронда појасни некои детали за борбата и нокаутот од Холи Холм.

„Холм ме удри уште при првиот напад. Ми ја расече усната, а исто така почувствував и дека некои заби ми се скршени. Плукав крв на моите нозе, но си реков дека морам да продолжам. Бев навистина непрепознатлива. Се срамам од себеси, моето издание беше премногу лошо. Се борев срамно“, изјави Русеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON