Се чини дека џудото веќе не и е доволно …
Поранешната шампионка на УФЦ во бантам категорија, Ронда Русеј, минатата недела посети продавница за оружје во Лас Вегас со нејзиното момче Тревис Браун. Ексклузивни фотографии ги објави ТМЗ.
Сведоците велат дека Русеј посетувала курс потребен за добивање на дозвола за огнено оружје, а како дел од истата, наводно, вежбала пукање од пиштол Глок 43 со калибар од 9 мм.
Русеј кон крајот на декември го доживеа и вториот последователен пораз на УФЦ 207 кога беше завршен за само 48 секунди на шампионот Аманда Нуњеш и се уште не одлучила дали ќе ја продолжи ММА кариерата.
Браун исто така е во серија од два порази. Неговата борба со Дерик Луис е префрлена од УФЦ 208 и сега го предводи УФЦ Фајт најт 105, 19 февруари во Халифакс во Канада. Наводно „Хапа“ во пресрет на мечот го напуштил Глендал ФЦ, каде што во последните неколку години заедно тренираше со Русеј под водство на тренерот Едмонд Травердијан.
https://www.instagram.com/p/BPrLSOhAssN/?taken-by=rouseyworld