Ронда го победи Мејведер и јавно го исмеа! (ВИДЕО)

ronda_espx

Завчера ноќта во САД беа доделени престижните награди на познати медиумски гигант ESPN, популарно наречен ESPY. Многу интересно беше во категоријата „Најдобар борец“, каде што беа номинирани шампионот на УФЦ, Ронда Русеј и најдобариот боксер на денешницата, Флојд Мејведер Јуниор.

 На крајот, вредната награда и статуетката ги доби убавата Ронда, кој блескаше на црвениот тепих. Во нејзиното славење и задоволство, шампионот на УФЦ и најдоминантен спортист на светот не ја пропушти можноста да го подбуцне боксерскиот шампион.

 „Не можам да си помогнам, а да не го кажам ова: Се прашувам како се чувствува Флојд, кога беарем еднаш го победила жена? Би сакала сега да слушнам како се преправа дека не знае која сум јас“, изјави Ронда и, всушност, се врати во Флојд кој „се правеше на Тошо“ откако го спомна шампионката на УФЦ.

 Но, Ронда не ја истрела отровната стрела само заради минатогодишната изјава. Мејведер некогаш бил обвинет и притворен поради семејно насилство, што беше дополнителен  причина за да распали Русеј.

 Ронда за само неколку недели во УФЦ 190 ја чека нова одбрана на титулата. Овој пат ракавиците ќе ги вкрсти со Бет Корија на гостински терен во Рио де Жанеиро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON