На Тајмс сквер во Њујорк се одржа боксерски настан, чија програма вклучуваше неколку многу интересни мечеви. Настанот на уникатно место понуди и огромно изненадување.
Имено, Роландо Ромеро (17-2, 13 КО) го победи Рајан Гарсија (24-2, 20 КО, 1 НЦ) со едногласна одлука на судиите во главната борба на настанот наречен „Фатален бес“. Тоа беше борба за испразнетата титула на ВБА (регуларна) во полусредна категорија.
Со овој пораз Кралот Рајан го доведе во прашање реваншот против Девин Хејни (32-0, 15 КО, 1 НЦ), кој исто така се појави на овој настан и со едногласна одлука го победи Хозе Рамирез (29-3, 18 КО).
Експлозивниот Ромеро веднаш покажа дека е многу квалитетен борец, а во втората рунда го испрати во нокдаун Рајан.
ROLLY ROMERO DROPS RYAN GARCIA IN THE SECOND ROUND! #GarciaRomeropic.twitter.com/QphLT5xBs5
— Championship Rounds (@ChampRDS) May 3, 2025
Продолжи да доминира во остатокот од борбата, на крајот убедливо победувајќи, при што сите тројца судии бодуваа во негова корист: 115-112, 115-112, 118-109.
А во април минатата година Рајан три пати го нокаутира Хејни на патот до победата со одлука, но тој резултат беше поништен откако Гарсија падна на тест за дрога. Тој доби едногодишна суспензија.
Гарсија продолжи да запаѓа во проблеми, а два месеци подоцна беше уапсен за вандализирање на хотел во Беверли Хилс, предизвикувајќи штета од околу 15.000 долари.